СУПЕРЛИГА 2019/20

РФМ одлучи: Крај на сезоната - победник нема

Ракометната федерација на Македонија одлучи да стави крај ан тековната сезона без прогласување на шампион, испаѓање нема да има, а наредната сезона лигата ќе брои повеќе клубови.

Откако денеска претседателот Стево Пендаровски прогласи продолжување на вонредната состојба во земјава, прв спортски субјект кој се затекна погоден од оваа одлука е РФМ која прогласи крај на сезоната.

„Во рамки на превентивните мерки и донесените уредби од страна на Владата, ракометните натпревари во сите категории во домашното првенство се во мирување. Воедно ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија е во секојдневна комуникација со надлежните институции со единствена цел за навремено информирање и спроведување на мерките за превенција од Covid-19. Земајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата како и продолжувањето на истата заклучно со 15.05.2020 година, дополнително и самиот факт дека поголемиот број договори на ракометарите/ките со клубовите имаат валидност заклучно до 31.05.2020 година, како и насоките од Европската ракометна федерација за завршување на националниот систем на натпревари до 31.05.2020 година, се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството. За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот предлог ќе биде доставен и за Купот на Македонија 2020 година. Местата во Европските клупски натпреварувања во ЕХФ и местата во регионалната Сеха Лига ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМ“, се вели во соопштението на РФМ.

Бидејќи нема шампион, нема ни испаѓање. Како што информираат од суперлигашот Пролет од Скопје, наредната сезона на Суперлигата ќе ѝ се прикличат дури 4 нови екипи, по две од двете второлигашки групи. Тие клубови би требало да бидат Астарион, Прилеп, Тиквеш и КЛ7.

Суперлигата се прекина со 17. коло кое за еден натпревар не беше комплетирано.

Требаше да се одигра уште само едно коло за да заврши регуларниот дел и потоа во плеј-офот ќе се приклучеа Вардар и Пелистер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе