РГ: Стотици руски војници се опоравуваат во Северна Кореја

Макфакс
/ 11.02.2025 / 08:30

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави вчера рускиот амбасадор во Пјонгјанг Александр Мацегора за рускиот државен весник Российская газета.

Според Новая газета, додека Севернокорејците „отсекогаш гледале на Русите многу позитивно“, Мацегора рече дека тој став станал уште поизразен во последните години. „Каде и да одиме, нè пречекуваат со насмевка. Луѓето се обидуваат да зборуваат со нас на руски и да понудат помош“, тврди тој.

Според Мацегора, кога детскиот камп Сонгдоун во близина на градот Вонсан ги поканил децата на руските војници убиени во војната во Украина да им бидат гости, тие одбиле да прифатат каква било компензација за нивното гостопримство. „Кога се понудивме барем делумно да ги покриеме трошоците, нашите пријатели го сфатија тоа како голема навреда“, додаде Мацегора.

Истакнувајќи ги сè поблиските врски меѓу двете земји во областите како што се академската соработка, земјоделството и медицината, Мацегора рече дека двете влади сега размислуваат какви дополнителни производи Северна Кореја може да и достави на Русија.

Иако Договорот за сеопфатно партнерство и соработка меѓу Русија и Северна Кореја, потпишан во Пјонгјанг минатата година од Владимир Путин и Ким Џонг Ун, претходно не беше познат по тоа дека вклучува рехабилитација на руски војници, The Wall Street Journal тогаш објави дека договорот содржел тајна клаузула според која Северна Кореја ќе испрати свои војници да ја поддржат руската војска во Украина, во замена за приликата „од блиску да научат да војуваат“.

реклама

Докажан трик за секунди ги отстранува гребнатинките од индукциската плоча

Read more

Буфон по 20 години: Јас сум виновен за црвениот на Зидан во финалето на СП 2006

Read more

Сарми од блитва според стар, добар рецепт

Read more

Грешка што ја прават повеќето патници поради која ги запираат на аеродром

Read more

Свет

Украински рецепт во Саудиска Арабија 

Read more

Стратешки потези: Како Кина балансира помеѓу Иран, САД и Израел?

Read more

Виена смисли стратегија за борба против сообраќајниот метеж

Read more

Шефот на НАТО: Ќе направиме сè што е потребно за да ја одбраниме Турција

Read more
 

Вести

Цената на нафтата надмина 101 долар

Читај повеќе

Трамп ги дели НАТО членките на „добри“ и „лоши“: На кој список е Македонија?

Читај повеќе

Отворена истрага за Booking.com во Италија

Читај повеќе

Потврдите од платените казни од Safe City нема потреба да се носат во полициска станицa

Читај повеќе

Украински рецепт во Саудиска Арабија 

Читај повеќе

Стратешки потези: Како Кина балансира помеѓу Иран, САД и Израел?

Читај повеќе

Виена смисли стратегија за борба против сообраќајниот метеж

Читај повеќе

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Читај повеќе

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек

Читај повеќе