Се ближи Денот на вљубените, а популарната пејачка и дизајнерка Ријана по тој повод ја претстави најновата колекција на секси долна облека од брендот Savage X Fenty.
И овој пат пејачката сними рекламна кампања позирајќи во секси црвена долна облека од латекс и тантела, а стајлингот го збогати со накит вреден 2 милиони долари.
Скапиот накит со рубини и дијаманти совршено се вклопи во колекцијата на Ријана, која ги одушеви обожавателите.
„Вака изгледа вистинска божица на љубовта. Го спаси Денот на вљубените“, се дел од коментарите на обожавателите.