Рикардо возеше Ф1 болид во австралиска оф-роуд авантура

Ф1
Ф.З.
/ 28.03.2023 / 12:27

По неколку месеци чекање, конечно го видовме Даниел Рикардо во Ф1 болидот на Ред Бул Рејсинг, но тоа не е болидот RB19 што сезонава го користат Макс Верстапен и Серхио Перес, туку стариот болид RB7.

Во видеото објавено од Ред Бул Рејсинг, Рикардо се појавува како го вози автомобилот RB7, што го користеа Марк Вебер и Себастијан Фетел во 2011 година. RB7 му помогна на Германецот да ја освои втората светска титула, а Фетел го нарече Кинки Кајли.

Следната Формула 1 трка се вози овој викенд во Австралија, па Ред Бул решија да ја најават во свој стил.

Во видеото се појавува и Хана Шмиц, стратегиската инженерка на Ред Бул Рејсинг, која во соработка со Рикардо се „подготвува“ за претстојната трка иако RB7 е придвижуван од 2,4-литарски V8 мотор со систем KERS и нема речиси ништо заедничко со болидите од хибридната ера, но приказната посветена на Австралија е важна.

Рикардо со болидот тргна во „правлива“ оф-роуд авантура и посети неколку различни локации и површини со цел да ги „собере“ потребните податоци за поставките на болидот.

Видеото завршува со табла на која се гледа оддалеченоста на Мелбурн од 780 милји, па Ред Бул би можел да објави уште едно промотивно видео кое води до самата трка.

Remote video URL
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Ф1

Ландо Норис ја испроба игрицата F1 2023 и заврши последен

Read more

Мерцедес во Монако покажа радикално дограден F1 W14

Read more

Астон Мартин со Honda од 2026 година

Read more

Возачите на Формула 1 трепкаат на истите „безбедни“ места на патеките

Read more
 

Спорт

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја испроба игрицата F1 2023 и заврши последен

Читај повеќе

Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

Читај повеќе

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Читај повеќе

Милевски повика 29 фудбалери за дуелите со Украина и Англија

Читај повеќе

Мурињо му направи заседа на судијата на паркинг: Ти си е*ана срамота

Читај повеќе