Хрватската компанија Rimac Automobili е апсолутен хит во светот на автомобилите и автомобилската технологија, а нејзиниот најнов електричен хиперавтомобил Nevera рутински рутира рекорди.
Nevera развива 2.000 КС, од 0 до 100 км/ч забрзува за помалку од 2 секунди, а досегот му е 547 километри благодарение на батеријата од 120 kWh (LiNiMnCoO2, 6.969 ќелии).
Сега хрватскиот визионер и основач на компанијата, Мате Римац, ја страви Nevera на полначот IONITY и објави неверојатни резултати. Светот беше импресиониран од полнењето на Tesla на полначот V3 Supercharger, полнењето на Taycan на Porsche и Ioniq 5 на Hyundai за моќност на полнење помеѓу 250 и 260 kW, а потоа дојде Lucid со полнење од 300 kW.
Сепак, Nevera го собори тој рекорд достигнувајќи моќност на полнење од 333 kW. Покрај тоа, Rimac тврди дека моќта на полнење може да се зголеми до 500 kW, пренесува insideevs.com.