Rimac Nevera собори 23 рекорди во еден ден

Rimac Nevera продолжува да руши рекорди, а за само еден ден возење на тест патеката во Германија собори дури 23.

Nevera беше возена во постројката за тестирање на автомобили во Папенбург (Automotive Testing Papenburg - ATP), каде што максимално ги искористи правците долги 4 километри. Претставници од Dewesoft и RaceLogic беа присутни на локацијата за независно да ги потврдат времињата и открија дека електричниот хиперавтомобил е всушност побрз отколку што се мислеше.

На автомобилот беа пневматиците Michelin Cup 2 R, а од 0 до 60 милји на час со стандарден ролаут заврзуваше за 1,74 секунди, што е побрзо од „официјалните“ 1,85 секунди. Да речеме и дека хиперавтомобилот забрзувал од 0 до 100 км/ч за 1,82 секунди според RaceLogic или 1,81 секунди според Dewesoft. Ова го надмина времето кое го „пријавија“ од Rimac, а тоа е 1,97 секунди.

Дополнително, треба да се истакне дека тестирањето се вршеше на обичен, неподготвен асфалт.

Remote video URL

Откако претходно тоа го навести првиот човек на компанијата Мате Римац, Nevera на тестот постави нов светски рекорд за најбрзо сериско возило кога станува збор за забрзување од 0 до 400 км/ч и застанување до 0 км/ч. Таа „работа“ електричното чудовиште ја заврши за 29,94 секунди, а за споредба, на Koenigsegg Regera му беа потребни 31,49 секунди за истата задача направена во 2019 година.

Да речеме и дека Nevera носеше специјален „аутфит“ во чест на BMW M3 на Rimac, односно целосно електричната серија 3 генерација E30 од 1984 година, која постави неколку рекорди во 2012 година. Единаесет години подоцна, Мате може гордо да каже дека неговата Nevera достигнува 400 км/ч и застанува побрзо отколку што McLaren F1 забрзува до 350 км/ч и запира.

Меѓу рекордите на Невера е и најкраткото растојание потребно за запирање при брзина од 100 км/ч, што е 29,12 метри според RaceLogic или 28,96 метри според Dewesoft.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе