„Рисовите“ го одржаа првиот тренинг годинава
Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги почна подготовките за новата сезона од Лигата на нации.
Без двајца од тројцата голмани, репрезентативците на Македонија ги започнаа подготовките за претстојните натпревари со Ерменија и Грузија од Лигата на нации. Столе Димитриевски пристигна доцна синоќа, додека Дајман Шишковски не можеше да тренира бидејќи сѐ уште немаше добиено резултат од тестирањето за COVID-19.
Останатите, Пандев, Барди, Несторовски, Адеми, Николов.... расположени што првпат по ноември лани се заедно, го одработија тренингот во добра атмосфера.
Поради пандемијата со коронавирусот ова е прв тренинг на репрезентацијата во оваа 2020 година. Денеска репрезентацијата ќе одржи тренинг од 17:30 часот.
Фото: ФФМ