Ризичен експеримент: Намерно дозволил да го проголта анаконда

Пол Росоли облекол специјално одело и дозволил анаконда да го проголта, не знаејќи што ќе му се случи.

Од 16-годишна возраст Пол Росоли поминува време во амазонските дождовни шуми и џунгли, запознавајќи различни животни. Обожавателот на Амазон поминал години проучувајќи го полуводниот вид змии, чија сила ја споредува со „запрежни коњи“, и вели дека „знае многу за нив“, како и дека добро знае „зошто луѓето се плашат од џиновските змии“.

Така, освен што се надева дека ќе ја ревидира сликата за змиите, тој мислел дека тоа што ќе биде „изеден“ од една жива змија ќе му даде поддршка да продолжи за неговата потрага во Амазон, а истовремено ќе собере пари за каузата. Заедно со неговиот тим, Росоли се упатил во прашумата и поминал недели во потрага по совршениот кандидат за она што го наумил да го направи, што според него е „најтешкиот дел“ од експериментот.

Како што е прикажано во една епизода од серијата на Discovery Channel, на крајот ја пронашле најдолгата змија во Амазон.  Тим од инженери користел 3D технологија за да создаде прилагодено одело од јаглеродни влакна за Пол да го носи за експериментот, кое било опремено со радио микрофон и вградени камери за да може да комуницира со својот тим.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Paul Rosolie (@paulrosolie)

Зборувајќи за својата опрема, Росоли рече: „Моравме да дизајнираме одело што може да издржи дробење. Анакондите само се закачуваат со своите заби, а потоа го гмечат и го убиваат својот плен пред да го проголтаат. Потоа се уверивме дека можам да дишам во случај навистина да успеа да влезам во анаконда. Потоа однадвор ставивме свинска крв за да ме направи привлечен, да мирисам како плен на оваа змија“.

Откри дека дел од процесот на „изеденост“ бил „тежок“ и „стресен“, за кој повеќето луѓе претпоставуваат дека е веројатно очекувано. Росоли ползеше до анакондата за да помисли дека е дива свиња, а ѝ требаа неколку секунди да го зграпчи.

„Не можам да се движам. Ме приклешти на земја. Знае дека не можам да избегам. Ќе бидам добро, додека не умрам“, му рекол тој на тимот.

Неговите соработници на мониторот гледале како му се забрзува пулсот. Росоли не давал многу отпор, не можел и да сакал, а потоа анакондата го фатила за глава.

Remote video URL

„Последното нешто на што се сеќавам беше дека ја видов устата на змијата отворена точно на моето лице. Сè стана црно, а потоа само почувствував како ме фати бран, само беше обвиткан околу мене. Бев прикован повеќе од еден час. Не можев да гледам, не можев да слушам многу и можев само да се јавам на радио дека сум жив. Подгответе се момци, почнува да ме голта. Лицето му е долу, ми треба помош“, раскажува тој.

Соработниците му пришле на помош и го извлекле на безбедно. На Росоли му требало малку време да си дојде при себе.

„Многу се грижевме. Целта на експериментот беше да им ја покажеме на луѓето моќта на овие змии, чие живеалиште треба да се зачува“, заклучи тој.

Тагови
реклама

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Колку ќе платите за кафе, храна и сладолед на одмор во Грција?

Read more

5 летни салати  - идеален избор за во жешки денови

Read more

Марс влезе во Бик: Промена на работа, продавање недвижнини

Read more

Чек дис аут

Мистериозен монолит се појави во пустина во САД

Read more

Најчудната мачка во светот: Личи на врколак и е многу интелигентна

Read more

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Read more

Топ 12 ненаселени места во светот

Read more
 

Магазин

Внимавајте на овој тивок симптом на топлотен удар за кој можеби не сте знаеле

Читај повеќе

Зошто некои мажи не ги завршуваат долгите врски со брак?

Читај повеќе

Што ако претерате со јадење сладолед?

Читај повеќе

Грешки во готвењето што го расипуваат вкусот на полнетите пиперки

Читај повеќе

Лекови со кои треба да бидете внимателни на топло време

Читај повеќе
  • filter

Мистериозен монолит се појави во пустина во САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најнеобични инженерски проекти

Читај повеќе
Правило на 5 минути за решавање расправии

Како се решаваат расправии во врската со „правилото на 5 минути“?

Читај повеќе

Германците направија математика: Хрватска е поскапа од Грција и Шпанија

Читај повеќе