РК Вардар: Понудивме банкарска гаранција, но ЕХФ не ја прифати и нѐ исклучи од ЛШ

Македонскиот ракометен првак Вардар, кој вчера и официјално беше исклучен од Лигата на шампионите, преку соопштение ја објасни новонастанатата ситуација и причините поради кои е дојдено до неа.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на „Црвено-црните“.

– По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која повторно ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега.

За жал, од ЕХФ на 17 јуни 2022 година добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 години беа подмирени обврски во висина од околу 2,3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра.

На 21 јуни 2022 година во утринските часови РК Вардар 1961 АД Скопје вложи приговор до ЕХФ и понуди издавање на неотповиклива банкарска гаранција за обврските над износот на депозитот од 300.000 евра, кој што ќе бидат верификувани. Но, ЕХФ на 22 јуни не го прифати тоа и ја потврди одлуката за исклучување.

Во изминатите две години РК Вардар 1961 АД Скопје, вложи максимални напори да го одржи ракометниот клуб на високо ниво, а во исто време да се вратат долгови кон играчите. Иако беше ветена голема поддршка, за жал таа изостана од оние кој што најмногу ветуваа и инсистираа да се преземе управувањето со клубот.

При преземањето на клубот во правна постапка согласно законските прописи со која што РК Вардар 1961 АД Скопје, стана правен следбеник на клубот официјалните податоци укажуваа на заостанати обврски спрема играчи во висина од 2,5 милиони евра. Во време на светска криза и пандемија кога сите се соочуваат со проблеми од најразлична природа, а најмногу финансиска, клубот успеа да го сервисира стариот долг што го имаше кон играчите од пред неколку сезони кога двапати беше европски шампион.

Истовремено редовно да се сервисираат и сите обврски во однос на платите и настапите во Лигата на шампионите, каде најчесто се патуваше со чартери кои чинат многу поскапо од редовните линии, а со цел да се заштити здравјето на ракометарите во ситуација на COVID-19 пандемијата.

Вистина е дека РК Вардар 1961 АД Скопје имаше задоцнување во временската рамка кој што ја доставуваше за исплата на заостанатите обврски, при што последната исплата од 500.000 евра предвидена за исплата до 15.05.2022 се реализираше до 31.05.2022. Со оваа исплата и со искористувањето на депонираните средства РК Вардар 1961 АД Скопје сметаше дека целосно се подмируваат заостанатите обврски пред преземањето на клубот.

Досега ниту еден играч нема поднесено тужбено барање пред суд во Македонија или пред Арбитражен суд на ЕХФ за износ поголем од исплатениот износ.

Составот за новата сезона е веќе направен и со право сметаме дека сме посилни од лани. Донесените засилувања беа ангажирани со цел да одиме чекор напред.

Вардар бил и секогаш ќе биде македонски спортски бренд. Како таков заслужува да добие поддршка кога му е најпотребно, зошто пријателите се познаваат токму во такви ситуации.

Во следните неколку денови ќе имаме почиста слика за ситуацијата со клубот, а нашите следни чекори ќе бидат обелоденети во понеделник за кога клубот ќе има прес-конференција на која ќе објави повеќе детали, стои во соопштението потпишано од Михајло Михајловски, генерален менаџер на РК Вардар 1961 АД Скопје.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе