Вести

Робот-птица ќе го истражува летот на птиците

20. јануари 2020 - 18:42 | Ф.З.

Научници од Стенфорд универзитетот направија робот-птица со меки крилја со кој треба поподробно да се истражи летот на птиците.

Биохибридните крилја на оваа механичка птица ѝ овозможуваат да лета скоро идентично како и вистинска птица. Вистински перја се прицврстени на крилен механизам благодарение на што овој робот ќе има вистински лет.

Роботот е наречен PigeonBot и преку него научините од Стенфорд универзитетот од Калифорнија се надеваат дека ќе откријат нови работи за магијата на причјиот лет кој отсекогаш ги фасцинирал луѓето.

Коментирај