Роботи помагаат во изградба на брана во Јапонија

Јапонската компанија Obayashi Corporation тестира нов систем со кој сака да го надополни недостатокот на работна сила.

Новиот систем подразбира користење роботи кои помагаат во изградба на бетонска брана во Јапонија, земја која се соочува со стареење и недостаток на работна сила. Затоа, користењето роботи помага во надминувањето на проблемот. Рокот за изградба на браната е март, 2023 година.

Obayashi Corporation разви автоматизирана опрема која реди слоеви бетон за формирање брани. Браната ќе биде висока 84 метри и широка 334 метри.

За да дојде до последната фаза на изградба, голема количина бетон мора да биде употребена во формирање на телото на браната. Тој дел се гради во слоеви, а Obayashi Corporation тој процес благодарение на својот систем може да го контролира со помош на компјутер од канцеларија.

Сепак, луѓето сè уште се неопходни во изградбата за да тече работата како што треба. Со користењето на автоматизирани роботски системи продуктивноста е зголемена за 10 проценти, а тој процент со текот на времето може да се зголеми на 30 проценти.

Околу 35 проценти од јапонските градежни работници се постари од 55 години.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе