Роботот Cassie постави рекорд во трчање на 100 метри

Cassie, двоножен робот развиен од истражувачи од Државниот универзитет во Орегон, постави светски рекорд трчајќи 100 метри за 24,73 секунди.

Роботот тргна од стоечка положба, спринташе, а потоа се врати на почетната позиција без да падне.

Четириножните роботи можеби привлекуваат внимание кога станува збор за воената технологија, но двоножните се поинтересни за академската заедница. Работата на двоножни роботи бара експертиза во механиката, роботиката и компјутерите, а благодарение на нив, истражувачите учат многу за движењето на двоножниците, нешто што луѓето го земаат здраво за готово.

„Движењето и застанувањето додека стоите е многу потешко од трчањето, исто како што полетувањето и слетувањето е потешко од летањето со авион“, вели Алан Ферн, професор по вештачка интелигенција, кој работи на проектот за развој на роботот Cassie од 2017 година.

Процесот низ кој научниците ја научија Cassie да трча се нарекува „паралелизација“, каде што многу процеси и пресметки се одвиваат истовремено, а тоа е она што ѝ овозможува на Cassie да помине низ неколку искуства за обука истовремено.

Remote video URL

Роботот беше научен на широк опсег на одење, и како што истражувачите го учеа да забрзува, Cassie брзо го оптимизираше темпото слично на начинот на кој трчаат луѓето.

Голем предизвик за истражувачите беше Cassie да го започне и заврши својот подвиг во стоечка положба без да падне. Роботот не е опремен со надворешни сензори или камери, па затоа секогаш работи „на слепо“.

Во развојот се користише буџет од еден милион долари обезбеден од агенцијата DARPA, а роботот е резултат на 16-месечна работа на одделот за роботика и вештачка интелигенција. Ова е првиот двоножен робот кој користи машинско учење за да го контролира одењето на отворено, а исто така може да се качува и спушта по скали.

Во август, Cassie постави уште еден рекорд откако научи да оди и пешачеше растојание од 5 километри самостојно низ универзитетскиот кампус.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе