Роботот Spot ги предупредува луѓето да држат дистанца во Сингапур
Роботот Spot на Boston Dynamics доби задача да го следи социјалното дистанцирање на јавните површини во Сингапур.
Во време на корона-криза, Spot е од голема помош за градот, а во исто време го тестираат во задачата за надзор на луѓе на јавни површини, односно следење на групно движење и групирање на јавни места, со опција за издавање предупредувања на оние кои не се придружуваат на мерките за социјално дистанцирање.
Boston Dynamics истакнува дека Spot не ги снима луѓето и не архивира снимки, ниту се служи со софтвер за препознавање луѓе, туку е програмиран да ја чува приватноста на граѓаните.