Актерот Двејн Џонсон, познат како The Rock, на социјалните мрежи објави трејлер за автобиографската комедија „Young Rock“, инспириранa од неговиот живот и кариерата.
Дејството го следи детството и младоста на Двејн, потоа преминувањето во спортсkата кариера под менторство на неговиот сега покоен татко, Роки Џонсон, лик што го толкува Џозеф Ли Андерсон.
„Навистина би сакал татко ми сега да е овде, да го погледне ова. Колку би се гордеел.“, напиша актерот во описот на видеото.
Премиерата на серијата е закажана за 16 февруари на NBC.