Вести

Rocket Lab ќе лансира сателит на НАСА на Месечината

17. февруари 2020 - 15:11 | М.С.

Компанијата Rocket Lab ќе го исполни својот сон за да го лансира сателитот на НАСА на Месечината.

Американската вселенска агенција НАСА ги одбра Rocket Lab за да го лансираат нејзиниот сателит CAPSTONE (Cislunar Autonomous Positioning System Technology Operations and Navigation Experiment).

Лансирањето ќе биде извршено во вселенската база во Валопс, Вирџинија со помош на ракетата Електрон. Сателотот ќе ја изврши само последната фаза од мисијата, ќе стигне во цислунарниот простор на орбитата.

Малиот CubSat сателит тежи само 25 килограми, а откако ќе пристигне до целта, прво ќе помогне на леталото Gateway oд програмата Artemis за да безбедно се приближи до Месечината.

Овој договор не е изненадување бидејќи Rocket Lab го обавува лансирањето брзо и релативно евтино.

Лансирањето на НАСА ќе ја чини помалку од 10 милиони долари, односно помалку од 13,7 милиони се потребни за производство и користење на CAPSTONE.

Доколку сè се одвива според планираното, ова може да биде почеток на големо партнерство помеѓу двете компании.

Коментирај