Родители во Хрватска со кампања против враќање на децата на училиште во пандемија

Група родители во Хрватска почнаа кампања против физичко присуство на децата на училиште, во услови на влошена епидемиолошка состојба во државата.

Тие побараа да им се даде можност да одлучат дали ќе ги пуштат своите деца да одат на училиште.

Министерството за наука и образование ќе инсистира на тоа наставата во училиштата да се одвива нормално од 7 септември, освен ако до следната недела растот на новозаразени со коронавирусот не е толку голем, па да се доведе во прашање таквата одлука, велат од ресорното министерство.

Сепак, како што пишува Нови лист од Ријека, билансот од 180 новозаразени лица во Хрватска не оди во прилог на Министерството.

Родителите кои не сакаат нивните деца да одат на часови во вакви услови, се организирале на Facebook како група под име „Безбедност пред сѐ, можност за избор на часови преку интернет 2020/21“.

Тие практично вршат притисок врз Министерството самите да одлучат дали да ги остават своите деца да одат на училиште или децата да ги следат лекциите преку интернет од нивните домови.

Групата на социјалните мрежи е основана, како што е објаснето, затоа што некои родители не сакаат некој друг да одлучи за безбедноста и здравјето на нивните деца.

„Ние веруваме дека спасувањето на нашата економска состојба не смее да биде приоритет над здравјето на нашите деца и нивните членови на семејството“, објаснуваат родителите од групата што е основана на 8 август и веќе има над илјада членови.

 

Ministru Fuchsu napisali su pismo na pet stranica

Posted by srednja.hr on Tuesday, August 11, 2020
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе