УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Родри ги налути Англичаните со провокации за Гибралтар, Мората го потсети каде игра

Луда ноќ е зад жителите на Мадрид и сите Шпанци, кои до раните часови ја славеа титулата европски првак, која фудбалската репрезентација им ја донесе од Европското првенство во Германија.

Десетици илјади навивачи се собраа на улиците во шпанската престолнина и славеа со играчите, а во центарот на вниманието беше најдобриот играч на првенството - Родриго Ернандес Касканте.

Родри реши да ја испровоцира Англија, која „Фуријата“ ја доби со 2:1 во големото финале, иако е свесен дека од таму е неговиот клуб Манчестер Сити.

„Шпански е! Гибралтар е шпански“, скандираше Родри и предизвика воодушевување кај навивачите, додека Алваро Мората се обидуваше да го смири.

Мората го потсети Родриго дека игра во Англија, во дресот на Сити, на што играчот од средниот ред на „Граѓаните“ изјави дека не му е грижа.

Во Англија, чиј Гибралтар е прекуморска територија, медиумите го осудија однесувањето на Родри и го означија како „невкусно“.

Потсетуваме дека Гибралтар има нешто повеќе од 30.000 жители, а Шпанија и Англија со децении се расправаат за овој полуостров. Гибралтар веќе со години има своја репрезентација и се натпреварува под УЕФА и ФИФА, но не може да игра против Шпанија, која го одбиваше неговиот прием во светското фудбалско семејство.

На Европското првенство кое заврши во неделата, Родри беше прогласен за најдобар играч на турнирот и со тоа се промовираше во еден од главните фаворити за освојување на Златната топка. Букмејкерите во моментов им даваат најголема шанса за најголемата награда на Виникус и на одличниот шпански играч за врска.

28-годишниот Родри од летото 2019 е во Мначестер Сити, а претходно играше една сезона за Атлетико, додека сениорската кариера ја почна во Виљареал. Родум е од Мадрид. За Шпанија игра од 2018 година од кога собра 56 настапи и 4 голови.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Фудбал

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Read more

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Read more

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Read more

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Read more
 

Спорт

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Читај повеќе

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе