Rolls-Royce Cullinan од Delta ќе им се допадне на богатите авантуристи

Околу 150.000 евра треба да се издвојат за завршните работи на првиот Rolls-Royce, зад кој стои познатата германска компанија Delta 4x4.

Меѓу најновите проекти на германската компанија Delta 4x4, која се занимава со „über“ теренци за сите (не)прилики, е и темелно модифицираниот Rolls-Royce Cullinan, што е доказ дека има богати луѓе кои не мораат да спијат во луксузни хотели за време на нивните патувања.

Изменетиот Cullinan Overlander, нарачан од клиент од Блискиот Исток, е поставен на засилени тркала од 20 инчи на кои гумите Mickey Thompson имаат изразен теренски профил. Со измените на адаптивната суспензија, подот е поместен за дополнителни 80 милиметри од подлогата, а на фотографиите не се гледаат многуте панели кои ја штитат суспензијата, моторот и елементите на менувачот.

Она што може да се види се продолжените браници, доводот за воздух за поминување низ длабока вода и дури десет дополнителни светилки кои се наредени на „bull bar-от“ и галеријата каде покрај лопати и канистри за гориво има и склопен шатор за спиење далеку од цивилизацијата.

Цената за комплетната доработка е околу 150.000 евра, а Delta не се занимавала со содржината под хаубата, па авантуристичкиот Cullinan работи со 6,7-литарски V12 битурбо мотор кој развива 571 КС и 850 Nm вртежен момент, кој е распределен на двете оски со 8-брзински автоматски менувач.

Тагови
реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе