Rolls-Royce објави фотки од зимското тестирање на Spectre

Тестниот прототип на првиот електричен Rolls-Royce последниве денови се справуваше со екстремно ниските температури на воздухот на работ на Арктичкиот Круг.

Како дел од немилосрдното тестирање во кое прототипите на Rolls-Royce Spectre ќе поминат 2,5 милиони километри низ целиот свет, тимови од инженери и тест возачи ги поминуваат своите последни денови во Северна Шведска испитувајќи го Арктичкиот круг за да тестираат како првиот електричен RR се справува со екстремно ниските температури на воздухот кои се спуштаат до -25 степени Целзиусови.

Фотографиите од темелно камуфлираниот прототип што ги објави познатата британска автомобилска компанија под покровителство на BMW не откриваат многу, но засега е познато дека купето долго 5,18 метри седи на тркала од 23 инчи и крие батерии тешки околу 700 килограми. Електричните мотори ќе произведуваат околу 600 КС и повеќе од 1.000 Nm вртежен момент кој ќе биде распределен на двете оски.

Spectre се базира на платформата што Rolls-Royce ја користи за моделите Ghost, Phantom и Cullinan. Сериското издание ќе биде готово пред крајот на 2023 година, а првиот електричен RR ќе чини околу 355.000 евра.

Претходно беше најавено дека Rolls-Royce од 2030 година ќе произведува модели кои ќе се движат само со електрични мотори.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе