Роловано пилешко со компири, сенф и лук

Пилешкото е секогаш вистински избор, бидејќи може да се подготви на милион начини. Денеска претставуваме одличен предлог за семеен ручек.

За вкусен ручек, можете да подготвите роловано пилешко со компири. Овие две намирници едноставно сите ги сакаат, а доброто е што можат да се комбинираат на различни начини. Денеска направете го така што белото месо ќе го премачкате со мајонез, па посипете со магдонос и кашкавал. Се пече во рерна помалку од еден час, а вака подготвеното јадење се служи со салата.

Потребни состојки:

  • 3 пилешки стека
  • 1 лажичка италијански зачин
  • 1 лажичка блага пипер
  • 200 мл масло
  • 2 лажици оцет
  • 4 јајца
  • 1 лажица сенф
  • 5 чешниња лук
  • 1 китка магдонос
  • 150 гр кашкавал
  • 4 компири

Подготовка:

Месото исечете го тенки шницли, па покријте го со проѕирна фолија и добро излупајте го. Потоа во сад измешајте сол, бибер, италијански зачин и пипер. Промешајте и добро втријте ги зачините во месото. Во друг сад измешајте масло, оцет, јајца, сенф и толчен лук (3 чешниња). Зачинете со сол и бибер. Добро измешајте ги сите состојки. Преостанатите 2 чешниња ситно исечкајте ги, па измешајте со сечканиот магдонос. Додадете рендан кашкавал и добро измешајте.

Над секој стек намачкајте ја смесата со јајца и сенф, па посипете со магдонос и кашкавал. Ролајте. Исечете ги компирите на прстени, а потоа посолете, побиберете, посипете со италијански зачин и блага пипер. Ставете масло и се добро промешајте. Наредете ги компирите во огноотпорен сад подмачкан со масло, а одозгора ставете го ролованото месо. Премачкајте ги со смесата од јајца и сенф, па печете во рерна на 180°C околу 40 минути. Потоа посипете со рендан кашкавал и вратете во рерна за уште 5 минути.

Remote video URL
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Рецепти

Докопан во сос од бело вино и сенф

Read more

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе