Романо: Модриќ има само една желба

Лука Модриќ (39) веќе 13 години игра за Реал Мадрид. Неговиот договор со клубот каде е капитен, легенда и најодликуван фудбалер во историјата му завршува на последниот ден од јуни. Засега нема индикации дека Реал ќе му го продолжи договорот, но клубот не прави нешто такво до самиот крај на сезоната или кога му истекува договорот на Модриќ.

Со оглед на возраста на Модриќ, во последните години клубот му ги продолжи договорите на уште една година. Сепак, Модриќ во септември ќе наполни 40 години, па сè почесто се зборува дека ова би можеле да бидат неговите последни месеци во најголемиот клуб.

Што се однесува до Модриќ, нема сомнеж. И по 579 натпревари и 28 трофеи, тој сè уште сака да игра за Реал. За ова пишува и Фабрицио Романо: „Лука Модриќ само сака да остане во Реал уште една сезона. Тој е желен да остане во клубот и да продолжи да биде дел од тимот со потпишување на продолжување на договорот до летото 2026 година“. Најсигурниот извор од фудбалскиот пазар повторува: „Уште еднаш, првиот избор и прва опција на Модриќ секогаш е Реал“.

Модриќ оваа сезона забележа 44 настапи за Реал, од кои 20 како член на првиот тим. Тој постигна четири и постави седум гола за тимот кој се бори за тројната круна, а го чека Светското клупско првенство во лето. Модриќ ќе игра во новото натпреварување доколку го продолжи договорот со Реал.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Фудбал

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Read more

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Read more

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Read more

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Read more
 

Спорт

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе