Роналдињо: Меси мора да остане во Барса

Поранешниот бразилски витуоз смета дека неговиот некогашен соиграч од Барселона едноставно мора да остане во клубот до пензионирањето.

Роналдињо мина пет сезони во каталонскиот гигант и тоа во пикот на неговата кариера, од 2003 до 2008 година. Тогаш младиот Меси веќе беше во Барселона играјќи за вториот и третиот тим, а од сезоната 2004/05 почна да добива шанса и крај Роналдињо со кого потоа играше до заминувањето на Бразилецот.

Меси и Роналдињо ја предводеа Барса до две титули во Примера, два шпански Суперкупа и една Лига на шампиони.

„Мора да остане, тој е историја на Барса. Кога Меси ќе се пензионира, што се надевам дека ќе се случи за долго време, ќе ја остави десетката и никој нема да може да ја допре“, рече Роналдињо говорејќи за TuttoMercato.

Токму десетката пред Меси ја носеше Роналдињо, кој потоа му ја предаде кога летото 2008 замина во Милан.

Откако договорот со Барса му истече и на 1 јули стана слободен играч, две недели подоцна Меси потпиша нов петгодишен договор и тоа прифаќајќи 50% намалување на платата, поради финансиските проблеми кои владеат во каталонскиот клуб.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе