СЕРИЈА А 2019/20

Роналдо далеку од Златната копачка, Имобиле стана прв Италијанец со 35 гола

Надежите на Кристијано Роналдо да заврши како најдобар стрелец во Европа вчера беа срушени, откако Португалецот не успеа да постигне ниту еден гол во поразот на неговиот Јувентус од Каљари.

Роналдо има постигнато неверојатни 31 гол во Серија А сезонава, но синоќа сигурно беше исфрустриран.

Домаќините победија со 2:0, па сега Роналдо заостанува со четири гола зад напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле за европската награда Златна копачка. Јувентус в недела игра против Рома, но шансите Роналдо да постигне 4+ гола се многу мали.

Имобиле го постигна 35-тиот гол сезонава во вчерашната победа на Лацио над Бреша од 2:0. Со тоа стана првиот Италијанец со 35 постигнати гола во сезона во Серија А.

Remote video URL

Со еден преостанат натпревар во сезоната во Серија А, Имобиле е сигурен лидер на листата најдобри стрелци во Европа. Неговиот последен гол го стави пред Роберт Левандовски од Баерн, кој ја заврши сезоната во Бундеслигата со 34 постигнати гола.

Имобиле е на гол од изедначување на рекордот во Серија А за најмногу постигнати голови во една сезона и можеби ќе успее да го направи тоа в недела против Наполи.

Аргентинецот Гонсало Игуаин постигна 36 голови за Наполи во сезоната 2015/16.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе