Роналдо Назарио, поранешен играч и легенда на Реал Мадрид, играше со бројни легенди во мадридскиот клуб, но овој пат проговори за оние кои биле далеку од такво нешто.

Во подкаст со неговиот славен сонародник Ромарио, Роналдо зборуваше за најлошиот соиграч со кој играл во кариерата. Неблагодарна титула, но Роналдо го избра Томас Гравесен.
Данскиот фудбалер му се приклучи на Реал Мадрид во јануари 2005 година и остана таму една година, а за тоа време не успеал да го импресионира Роналдо:
„Имаше еден играч во Реал кој беше шега. Гравесен. Тој беше дански играч од средниот ред. Беше навистина добар човек. Пред некое време освои 50 милиони долари или нешто слично на турнир во покер. Но, во фудбал беше многу лош, ги убиваше сите околу него“, истакна Роналдо.
Данецот важеше за „касап“, играч против кого е тешко да се добие дуел, а ретко кој се осудуваше да го дрибла поради неговите остри стартови.
Гравесен не се задржа долго на „Сантјаго Бернабеу“. Замина по една година во Селтик, па во Евертон и набргу потоа ја заврши својата играчка кариера. Пред да дојде во Реал 5 сезони играше за Евертон, а претходно и за Хамбургер и Вејле, каде ја почна кариерата.
За репрезентацијата на Данска одигра 66 натпревари и постигна 5 голови, а беше дел од Мундијалот 2002, како и ЕУРО 2000 и 2004.