ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Роналдо го „изгуби компасот“

Кристијано Роналдо бил подготвен да се откаже од репрезентацијата на Португалија за Светското првенство откако дозна дека е изоставен од стартниот тим против Швајцарија.

Португалскиот весник Record тврди дека легендарниот напаѓач сакал да ги спакува куферите и да го напушти Светското првенство откако разговарал со селекторот Сантуш, откако дознал дека нема да биде стартер во осминафиналето.

Роналдо не беше задоволен ниту од промената на мечот со Јужна Кореја, каде го напушти теренот пцуејќи, иако подоцна од таборот на Португалија се правдаа дека тешките зборови биле упатени кон еден корејски фудбалер.

Легендарниот ас беше видно незадоволен на клупата против Швајцарија, а по натпреварот го напушти тимот и наместо со соиграчите и навивачите на Португалија да го прослави преминот во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, тој прв го напушти теренот и прво отиде во соблекувалната.

По натпреварот Роналдо имаше состанок со Сантуш и јасно стави до знаење дека не е задоволен од неговата одлука да не игра, заканувајќи се дека ќе ги спакува куферите и ќе го напушти Катар.

URL

Сепак, тој брзо „се вразуми“ и ја сфати важноста и итноста да се одржуваат работите стабилни во португалскиот табор и брзо се предомисли, пишува Record.

Против Швајцарија Роналдо ја прекина серијата од 31 натпревар како стартер на големите турнири, а со последните потези продолжи да им дава причина на критичарите кои не го штедат во последно време.

Да потсетиме, по самоволието и некои неразбирливи потези, неодамна му беше раскинат договорот со Манчестер Јунајтед.

Во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, Португалија ќе игра против Мароко, кој по изведувањето пенали беше подобра од Шпанија.

Португалска федерација – Роналдо не се заканил со напуштање на репрезентацијата

Португалската фудбалска федерација (ФПФ) ги демантираше денеска информациите дека Кристијано Роналдо, кој во осминафиналето против Швајцарија влезе како замена за прв пат од 2008 година, се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата на Светското првенство во Катар.

„Информациите објавени во текот на денешниот ден говорат дека Кристијано Роналдо се заканил со напуштање на репрезентацијата во разговор со селекторот Фернанду Сантуш. ФПФ истакнува дека Кристијано Роналдо во ниту еден момент за време на престојот во Катар не се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата“, се наведува во официјалното соопштение.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Фудбал

Меси за Левандовски: Намерно го дриблав

Read more

Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

Read more

Во Сан Марино бесни на ФИФА: Постигнавме 3 гола и нѐ турнавте на дното

Read more

Желбите за јадење по натпревар на играчите на Барса од 2014

Read more
 

Спорт

Лука Дончиќ стана татко, добро ја криеja бременоста на свршеницата

Читај повеќе

Меси за Левандовски: Намерно го дриблав

Читај повеќе
  • play_arrow

Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

Читај повеќе

Извлечени паровите за елиминациското коло од Купот на Македонија

Читај повеќе

Лазаров го објави поширокиот список за ЕУРО

Читај повеќе

Во Сан Марино бесни на ФИФА: Постигнавме 3 гола и нѐ турнавте на дното

Читај повеќе

Желбите за јадење по натпревар на играчите на Барса од 2014

Читај повеќе
  • play_arrow

И тоа е можно: Реал му забрани на свој фудбалер да зборува за Меси

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа во Јувентус

Читај повеќе