ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Роналдо го прекина постот - конечно погоди во 2022 година

Португалскиот ас постигна вистински еврогол синоќа со што конечно успеа да затресе мрежа годинава бидејќи последен пат тоа го направи на крајот од декември.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа низ доста маки запишаа победа над Брајтон со 2:0, а на триумфот му кумуваше Португалецот.

Јунајтед на своите навивачи им приреди три разочарувања. По испаѓањето во ФА купот од второлигашот Мидлсброу, „Црвените ѓаволи“ не успеаја да ја задржат предноста против Барнли и Саутемптон во дуелите во кои се очекуваше триумф, па победа синоќа беше повеќе од потребна.

Во првиот дел немаше многу шанси па на одмор се замина без голови. Потоа, во 51. минута се случи најубавиот момент на натпреварот кога Роналдо после дриблинг одлично се намести на шут и постигна убав гол.

Remote video URL

До крајот Брајтон остана со играч помалку, а потоа во последните моменти Бруну Фернандеш ги постави конечните 2:0.

Роналдо последен пат постигна гол на 30 декември 2021 година во 3:1 победата над Барнли. Постот го почна на 3 јануари кога не погоди во поразот од 0:1 од Вулверхемптон, пост кој траеше сѐ до синоќа.

Во меѓувреме, поради повреда не играше на двата едноподруго натпревари со Астон Вила во ФА купот и Премиер лигата, а постот го продолжи против Брентфорд, Вест Хем, Мидлсброу, Барнли и Саутемптон, односно цел јануари го мина во зимски сон.

Синоќешниот гол за Роналдо беше 9-ти сезонава во Премиер лигата, а вкупно 15-ти бидејќи има и 6 во Лигата на шампионите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе