Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене

Португалскиот играч на Ал Наср, Кристијано Роналдо, го собори рекордот на Професионалната лига на Саудиска Арабија по број на постигнати голови во една сезона. Фудбалерите на Ал Наср синоќа го победија Ал Итихад со 4:2 во натпреварот од последното 34. коло од првенството на Саудиска Арабија.

Роналдо на овој натпревар постигна два гола, па сезоната ја заврши со 35 голови. Португалецот стана играч со најмногу постигнати голови во една сезона во првенството на Саудиска Арабија. Тој за еден гол го собори рекордот на поранешниот играч на Ал Наср, Абдеразак Хамдала, кој постигна 34 голови во сезоната 2018/2019.

Второто место на листата на стрелци сезонава му припадна на напаѓачот на Ал Хилал и српски репрезентативец, Александар Митровиќ, кој постигна 28 голови.

Роналдо е единствениот играч кој бил најдобар стрелец во четири различни лиги. Покрај во Саудиска Арабија, тој претходно беше најдобар стрелец и во Премиер лигата, Ла Лига и во Серија А. За тоа се пофали и на Х.

„Не бркам јас рекорди, тие ме бркаат мене“, потоа додаде на Х.

Сепак, Роналдо и втора сезона по ред во Саудиска Арабија остана без шампионската титула која сега ја освои екипата на Ал Хилал со 96 бодови и без пораз, додека неговиот Ал Наср заврши втор со 82 бода. Лани пред тимот на Португалецот беше Ал Итихад.

Роналдо сепак може сезонава да освои трофеј со Ал Наср оти неговиот клуб е во финалето на Кинг купот каде на 31 мај игра против Ал Хилал на „Крал Абдула“ стадионот во Џеда.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Фудбал

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе