Роналдо се збогува со Оле: Беше мој напаѓач... беше мој тренер

Велеа дека еден од главните поборници за заминување на Солскјер од Манчестер Јунајтед е Кристијано Роналдо. Но, денешната негова емотивна порака фрли сенка на таквите тврдења.

Уште многу пред вчерашниот отказ на Оле Гунар Солскјер се тврдеше дека Кристијано Роналдо ја предводи инцијативата за неговото разрешување. Причината беа, нормално, слабите резултати на тимот.

Кога Кристијано Роналдо во 2003 година дојде во Манчестер како млад и надежен фудбалер од лисабонски Спортинг, таму предводник на нападот беше расниот норвешки голгетер Оле Гунар Солскјер. Со него Роналдо настапуваше во наредните четири сезони, до пензионирањето на Оле. Сега, кога на крајот од август се врати на „Олд Трафорд“, повторно го пречека Солскјер, но оној пат како тренер. За жал, нивната втора соработка траеше кратко, неполни три месеци.

Денеска португалскиот ас на социјалните мрежи објави проштална порака до својот досегашен тренер, а претходно и поранешен соиграч.

„Беше мој напаѓач кога првпат дојдов на 'Олд Трафорд' и беше мој тренер откако се вратив во Манчестер Јунајтед. Но, најмногу од сѐ, Оле е неверојатно човечко битие. Му посакувам сѐ најдобро во што и да е она кое животот го чува за него. Среќно пријателе! Заслужуваш!“, напиша Роналдо.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе