Португалецот синоќа со два гола го спаси Јувентус од пораз кај Рома и ако не победија, вели дека со новиот тренер тимот е посреќен.
„Со Пирло тимот го гледам позадоволен. На почеток сме од сезоната, физичката подготвеност ни е добра и гледам добра иднина за овој состав“, вели Кристијано Роналдо.
Лани Јуве дојде до титулата со бод пред Интер, но главниот конкурент всушност беше Лацио кому прекинот заради пандемијата му ја уништи формата.
„Интер и Милан добро се засилија: првенството сега е поизедначено, но ние сме подготвени. Ќе биде потешко од лани“, смета тој.
Вчера Рома на двапати поведуваше, а Роналдо исто толку пати го враќаше Јувентус во живот. Првиот гол го постигна од белата точка.
„Откако отидовме во негатива ни стана јасно дека натпреварот ни се искомпликува, но сепак освоивме важен бод. Имаме нов тренер. Рано е да се каже, но ја гледам екипата многу подобра, работиме со насмевки и тоа е многу важно“.