ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Роналдо славеше гол што не го постигна

Фудбалерите на Португалија го победија Уругвај со 2:0 во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар и станаа третата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето пред последниот натпревар во групата.

Двоен стрелец во победата на Португалија беше Бруно Фернандеш.

Првиот гол, самиот призна по натпреварот, беше постигнат случајно во 54. минута. Тој ја испрати топката со десната нога од левото крило, таа го прелета Кристијано Роналдо и го измами уругвајскиот голман Серхио Роше. Во третата минута од продолжението реализираше пенал за да го постави конечниот резултат.

Посебна приказна е ситуацијата со првиот гол. Снимки од различни агли и зумиран момент на приближување на топката до главата на Роналдо се обиде да одговори кој всушност го постигна воведниот гол. Иако не го прослави со вообичаеното „сиуу“, Роналдо ги напна мускулите, ги крена рацете во воздух и гестикулираше како го смета за свој. Тоа го направи и по натпреварот кога играчите го напуштаа теренот.

URL

Фернандеш: Ја подавав топката

Португалските репрезентативци мафтаа и ракоплескаа кон публиката, а во тие моменти камерата го сними и Роналдо, кој на некого на клупата му покажува дека ја допрел топката со глава. По сè, тој сепак ги рашири рацете покажувајќи како да не разбира зошто голот не му е заслужен. На Бруно Фернандеш не му беше гајле.

„Мислев дека Кристијано ја допре топката. Му ја подавав. Ние сме добар тим и не е важно кој ќе го постигне голот. На сите ни беше важно само што го постигнавме“, изјави двојниот стрелец по натпреварот.

Вистинскиот одговор за стрелецот го решава технологијата. Топката Adidas која се користи на Светското првенство во Катар има сензори кои го даваат одговорот на прашањето за стрелецот бидејќи реагираат и на најмал допир. При првиот гол португалската репрезентација не се огласи и ФИФА му го припиша голот на Фернандеш.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе