Роналдо за проблемите во Манчестер Јунајтед: Не е до тренерот

Макфакс/Кајгана
/ 28.12.2024 / 13:44

Манчестер Јунајтед не успеа да излезе од кризата ниту откако го смени тренерот. По поразот од Вулверхемптон на Боксинг деј, тимот од „Олд Трафорд“ е на скромното на 14. место во Премиер лигата.

Катастрофалните резултати продолжуваат и откако Рубен Аморим ја презеде функцијата менаџер, а неговиот сонародник и поранешна клупска ѕвезда, Кристијано Роналдо, смета дека проблемот не е менаџерот.

„Премиер лигата е најтешката лига на светот. Нема лош тим, сите се борат, сите трчаат, сите тимови се силни. Фудбалот целосно се промени. Нема лесни натпревари. Го кажав ова и претходно, но ќе продолжам да го повторувам: Проблемот не се тренерите“, рече Роналдо, па продолжи:

„Ќе дадам пример со аквариум: Имаш болна риба во аквариумот, ја вадиш и го решаваш проблемот, ако повторно ја вратиш во аквариумот, пак ќе биде болна. Проблемот во Манчестер Јунајтед е ист. Проблемот не е секогаш тренерот. Има многу повеќе од тоа“, објасни Роналдо.

Потоа Португалецот додаде:

„Да бев сопственик на клубот, ќе ги поправев работите што не се во ред“.

Роналдо, сепак, не наведе што е тоа што не е во ред и што треба да се поправи.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Фудбал

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Read more

Анчелоти преговара со Бразил

Read more

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Read more

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе