„Росонерите“ сакаат капитенската лента да ја добие херојот Кјер

Капитенот на данската репрезентација, Симон Кјер, најверојатно завчера му го спаси животот на Кристијан Ериксен. Тој беше меѓу првите што дотрчаа до соиграчот откако тој ненадејно падна на теренот.

Тој реагираше храбро и спокојно, му го извади јазикот и се погрижи да остане во вистинската позиција додека не пристигне докторот. Токму тој ги организираше соиграчите да направат жив штит околу Ериксен за да го заштитат од камерите.

URL
URL

Нешто подоцна, кога партнерката на Кристијан Ериксен, скаменета од страв, пристигна на теренот, Кјер прв ѝ пријде и ја утеши.

URL

Неговата брза, сталожена и неверојатно храбра реакција беше пречекана само со пофални зборови ширум светот, а клубот за кој игра, италијански Милан, размислува и да му оддаде почест за ваквото дело.

Навивачите на „росонерите“ ги преплавија социјалните мрежи со идејата да му се даде капитенската лента во Милан на Кјер.

Хаштагот  #KjaerCapitano вирално се шири на Twitter, а La Gazzetta dello Sport објави дека тренерот Стефано Пиоли и тимот ќе дискутираат за предлогот.

Алесио Ромањоли е капитен на тимот од Сан Сиро од 2018 година, но се смета дека тој нема да остане уште долго со Милан.

URL
URL
URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе