Роверот на НАСА успешно слета на Марс, ги испрати и првите фотографии

По патување од 7 месеци, роверот Perseverance успешно слета на површината на Марс. Мина 468 милиони километри за да слета на кратерот Језеро, од каде ги испрати и првите фотографии.

Роверот слета вчера во 21:56 часот на површината на Марс во кратерот Језеро, наречен според местото Језеро близу Јајце во Босна и Херцеговина. Ги испрати и првите фотографии од кратерот, а НАСА ги објави на Twitter со поздравот:

Здраво, свету. Ова е мојот прв поглед на вечниот дом“, е наведено во објавата.

URL

Потоа следи уште една објава во која роверот направил фотографија од тоа што се наоѓа зад него.

URL

„Уште еден поглед на тоа што се наоѓа зад мене. Добре дојдовте на кратерот Језеро“, објави НАСА.

URL

Агенцијата соопшти дека роверот е во одлична состојба по спуштањето на Црвената планета. Инженерите од контрола на мисијата одушевено ја поздравија потврдата дека е извршено слетување на возилото кое во наредните две години ќе трага по знаци на микробиолошки живот.

URL

Се претпоставува дека пред неколку милијарди години на овој кратер постоело големо езеро и поради присуството на вода можеби постоел и живот.

„Успешно се паркиравме и имаме безбеден ровер на површината. Не можам да бидам погорд на мојот тим кој е заслужен за овој успех“, изјави Ален Чен кој го предводи истражувачкиот тим на НАСА.

URL
URL
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Наука

Откриен тектонски фрагмент што може да предизвика земјотреси до 9 степени во еден дел од светот

Read more

Најголемиот истражувачки авион на НАСА може да носи 34 тони научна опрема на височина од 13.000 метри

Read more

Нов тест на крвта открива Алцхајмерова болест со точност до 97%

Read more

Епохално откритие: Проблемот со доломитот конечно решен по 200 години

Read more
 

Гик

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Читај повеќе

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Читај повеќе

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Читај повеќе

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Читај повеќе

Кинезите направија роботски мајстор кој ќе користи алати на Месечината

Читај повеќе

Apple се свртува кон Samsung?

Читај повеќе

Војна на ѕвездите 2026: Што значат руските сателити над нашите глави?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција почна да го копира својот код без човечка дозвола

Читај повеќе

Енергетската криза ја зголеми продажбата на топлински пумпи: Зошто се добри и каде можат да се користат?

Читај повеќе