Рубин ја прекина изолација и почна со тренинзи

Рускиот клуб од Казањ одлучи дека доволно време имаше прекин на активностите и им се врати на тренизите за играчите да не ја загубат формата.

Од синоќа Рубин е повторно во погон. Тренерот Леонид Слуцкиј ги повика играчите да излезат од карантин и да се појават на зелиот терен по што го одржа првиот тренинг. Играчите првиот ден тренираа индивидуално.

„Играчите вежбаат во теретана, на терен, работат на тренинзи за враќање на физичката подготвеност. Сепак, сѐ се одвива според мерките издадени од Министерството, според кои бројот на учесници во тренинг сесија е лимитиран“, стои во клупското соопштение. Тоа значи дека Рубин нема да игра пријателски натпревари.

Руското првенство запре на 16 март со 22. коло, а наводно ќе продолжи на 11 април, доколку нема дополнителни промени со заразата од коронавирусот во Русија. Ова треба допрва да биде потврдено.

Рубин грчевито се бори за опстанок и на 8 кола до крајот се наоѓа на 14. место од 16 екипи со само бод пред Крилија Совјетов и зоната за испаѓање.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе