Во првиот меч од групата Б на завршниот Мастерс во Торино, Каспер Руд го совлада Карлос Алкарас. Во вториот меч од 20:30 часот се среќаваат Александер Зверев и Андреј Рубљов.
Руд славеше во два сета (6;1, 7:5), за нешто помалку од 90 минути игра.
Откако спаси две брејк топки во првиот гем, Руд одигра брилијантен прв сет.
Во четвртиот гем успеа да направи брејк, а потоа спаси три брејк топки за да ја потврди таа предност. И не застана тука. Додаде уште еден брејк, поведе со 5:1 и со својот сервис ја заврши работата во првиот дел од мечот.
Алкарас прв стигна до брејк во вториот сет, но Норвежанецот возврати во седмиот. Шпанецот сервираше при 5:4 за изедначување, но тука повотрно влезе во црна дупка, Руди освои три гема по ред и ја прослави победата.