ПРЕМИЕР ЛИГА

Руни: Ливерпул ќе доминира цела декада доколку остане Клоп

Славниот голгетер на Манчестер Јуајтед смета дека доколку Јирген Клоп и во иднина го предводи Ливерпул, тогаш следува ера на доминација на „Црвените“.

„Составот на Ливерпул е млад и сите важни играчи се врзани со долги договори. Тие имаат огромен потенцијал за да освојуваат уште трофеи“, почнува Руни во интервју за The Times.

Вејн Руни никогаш не играше за Ливерпул, напротив, тој излезе од академијата на лутиот градски ривал Евертон, а потоа долги години тресеше мрежи носејќи го дресот на Манчестер Јунајтред, уште еден голем ривал.

„Клоп вели дека е невозможно за еден клуб да доминира онака како што тоа го правеше Јунајтед, но тој греши. Има едноставен начин за Ливерпул: оставете го Клоп да седи и седи. Јунајтед доминираше затоа што го оставија Ферги долго да остане. Мислам дека и Клоп, кој има 53 години, ако остане на „Енфилд“ во наредните 10 години, тогаш Ливерпул ќе освои барем уште 5 премиерлигашки титули“, смета Руни.

Манчестер долги години беше најдобар на Островот, но беше предводен од ист тренер, славниот Сер Алекс Фергусон. Токму на негово барање беше потпишан и Руни,

„Тој може да продолжи да го надоградува тимот затоа што играчите доаѓаат во одреден клуб за да работат со тренер добар како него. Од друга страна, играчите остануваат во клубовите токму заради тренерите. Доколку Клоп си замине, нема да биде чудно ако си заминат и Мохамед Салах, Садио Мане и Роберту Фирмину. Јас да сум еден од газдите на Ливерпул би направил сѐ што можам за да го зачувам долги години“, завршува 34-годишниот Руни кој сега настапува за второлигашот Дерби Каунти.

Вечерва од 20 часот Клоп и Ливерпул го играат градското Мерсисајд дерби со Евертон на гости.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе