ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Руни: Роналдо не би дошол во Сити, поверојатно е да оди во ПСЖ

Последниве денови наголемо се зборува за трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер Сити, но неговиот поранешен соиграч од другиот дел на Манчестер не може да поверува дека трансферот би се реализирал.

Вејн Руни вели дека неговиот поранешен соиграч Роналдо не би се осмелил да ја погази неговата историја со Манчестер Јунајтед и затоа не верува дека ќе стане нов играч на градскиот ривал Манчестер Сити.

„Мислам дека Роналдо има многу добра историја во Манчестер Јунајтед и знам колку е горд на тоа и како играч и како личност“, вели Руни за talkSPORT.

„Не можам да го замислам како доаѓа во Сити, но во фудбалот никогаш не се знае. Имало неколкумина кои направиле такво нешто, но никој со големината како Роналдо. Тука се Питер Шмајхел и Енди Кол, но едноставно не гледам таква опција за него. Финансиски нема апсолутно никаква потреба од тоа. Мислам дека поверојатно е да оди во ПСЖ“, додава тој.

Роналдо и Руни играа заедно во дресот на „Црвените ѓаволи“ од 2004 година кога дојде Руни, па сѐ до 2009 кога Роналдо премина во Реал. Заедно освоија 3 трофеи во Премиер лигата, 2 Лига купа, и по еднаш англискиот Суперкуп, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство.

„Верувам дека човек треба да го прави она што е правилно за себе како личност, за својата фамилија. Секој знае дека јас никогаш не би заиграл за Ливерпул или Манчестер Сити. Тоа е многу јасно, но секој е различен“. 

„Мислам дека играчите одат во клубови како што и не сакаат да одат, но од финансиска гледна точка некогаш таквата опција е единствената прифатлива, па затоа можам да сфатам, но за некои. За мене тоа не би било опција“, заврши тој.

Според добро упатениот новинар на Sky Sport, Џанлука Ди Марцио, Манчестер Сити наводно денес ќе испрати до Јувентус официјална понуда од 30 илиони евра за Кристијано Роналдо.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе