Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Макфакс
/ 21.01.2025 / 15:33

Русија денеска го предупреди новиот американски претседател Доналд Трамп да не ни помисли да ја преземе контролата над Панамскиот Канал.

Трамп најави дека ќе ја преземе сопственоста на оваа клучна поморска трговска рута, која Америка ѝ ја отстапи на Панама во 1977 година, нарекувајќи ја витална за американските интереси и не ја отфрли можноста за употреба на воена сила за да ја постигне својата цел.

Тој во вчерашното инаугуративно обраќање повторно го спомна Панамскиот Канал велејќи: „Американските бродови се сериозно преоптоварни со цените… И, пред сè, Кина управува со Панамскиот Канал, а ние не ѝ го предадовме на Кина, ѝ го дадовме на Панама, и ќе го вратиме“.

Сепак, руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Панамскиот Канал законски ѝ припаѓа на Панама и ги предупреди САД да не се обидуваат да го вратат ниту преку воена ниту со економска принуда.

„Очекуваме дека за време на разговорите меѓу раководството на Панама и американскиот претседател Доналд Трамп за прашањата за контрола над Панамскиот Канал… страните ќе го почитуваат сегашниот меѓународен правен режим на овој клучен воден пат“, изјави Александр Шчетинин, директор на вработувањата во одделот за Латинска Америка во руското Министерство за надворешни работи, според руските државни медиуми.

„Русија ја потврдува својата посветеност на одржување на постојаната неутралност на Панамскиот Канал залагајќи се за одржување на овој меѓународен транзитен воден пат безбеден и отворен“, рече Шчетинин додавајќи дека САД немаат право да се мешаат во внатрешните работи на Панама.

Панамскиот Канал ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан и е еден од најважните трговски патишта за САД, со речиси 40% од сите американски контејнерски бродови што минуваат низ него.

Првичната закана на Трамп за Каналот минатиот месец наиде на остра осуда од панамскиот претседател Хосае Раул Мулино.

„Како претседател, сакам да разјаснам дека секој квадратен метар од Панамскиот Канал и неговата поврзана зона ѝ припаѓаат на Панама и ќе останат такви“, рече Мулино.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Свет

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Read more

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Read more

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Read more

Измерено ниво на радијација откако руски дрон удри во куполата над Чернобил

Read more
 

Вести

Airbnb излезе од кризата: Пријави голем скок на приходите

Читај повеќе

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Читај повеќе

85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Читај повеќе

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Читај повеќе

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Читај повеќе

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Читај повеќе

Облачно време со температури до 14°C

Читај повеќе

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе