Русија и Украина: Вековна испреплетена историја што ги поврзува и раздвојува

Додека односот меѓу Русија и Украина доминира во вестите, гледањето наназад во долгата и испреплетена историја на овие соседи открива како и кога е создадена сцената за денешниот конфликт.

Споменик на Владимир I во Москва

Заедничкото наследство на двете земји датира повеќе од илјада години од времето кога Киев, сега главен град на Украина, бил во центарот на словенската држава, Киевски Рус, родното место и на Украина и на Русија. Киевски Рус долго време бил воден од викингшката династија Рурик од Варангијците, словенизирани викиншки доселеници во најголем дел од Шведска. Во 988 година, Владимир I, принцот од Новгород и великиот војвода од Киев, ја прифатил православната христијанска вера и бил крстен во градот Херсонес на Крим. Од тој момент, како што неодамна изјави рускиот лидер Владимир Путин: „Русите и Украинците се еден народ, една целина“.

Рурик и неговите браќа Синеус и Трувор пристигнуваат кај киевските Словени

Сепак, во текот на изминатите 10 века Украина неколку пати била поделена од конкурентските сили. Монголските воини од исток го освоиле Киевски Рус во 13 век. Во 16 век полските и литванските војски нападнале од запад. Во 17 век војната меѓу Полско-литванската Унија и Руското Царство ги ставила земјите источно од реката Днепар под руска контрола. Истокот станал познат како „лев брег“ - Украина; а земјите западно од Днепар или „десниот брег“ биле управувани од Полска.

Крштевањето на Владимир I

Повеќе од еден век подоцна, во 1793 година, десниот брег бил припоен кон Руското Царство. Во годините што следеле, политиката позната како русификација ја забранила употребата и изучувањето на украинскиот јазик, а луѓето биле под притисок да преминат во руската православна вера.

Украина претрпела некои од најголемите трауми во текот на 20 век. По комунистичката револуција од 1917 година, Украина била една од многуте земји во кои се водела брутална граѓанска војна пред целосно да се апсорбира во Советскиот Сојуз во 1922 година. Во раните 1930-ти, со цел да ги принудат селаните да се приклучат на колективните фарми, советскиот лидер Јосиф Сталин организирал глад што довел до смрт на милиони Украинци. После тоа, Сталин испратил голем број Руси и други советски граѓани - од кои многумина не зборувале украински, ниту пак имале врски со регионот - да помогнат во повторното населување на истокот.

Во тој момент од историјата се создале постојани линии на раздор. Бидејќи Источна Украина паднала под руска власт многу порано од Западна Украина, луѓето на истокот имаат посилни врски со Русија и имаат поголема веројатност да ги поддржат лидерите кои се проруски настроени. Западна Украина, напротив, поминала векови под променлива контрола на европските сили, како што се Полска и Австро-Унгарија - една од причините зошто Украинците на запад се повеќе склони да ги поддржуваат политичарите наклонети кон Запад. Источното население има тенденција да зборува повеќе руски и гаи православна вера, додека западното население повеќе зборува украински и се католици.

Со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Украина стана независна. Но, обединувањето на земјата се покажа како тешка задача. Прво, „чувството на украинскиот национализам не е толку длабоко на исток колку што е на запад“, рече поранешниот американски амбасадор во Украина, Стивен Пајфер. Транзицијата кон демократија и капитализам беше болна и хаотична, а многу Украинци, особено на истокот, копнееја за релативната стабилност од претходните епохи.

„Најголемата поделба по сите овие фактори е меѓу оние кои гледаат со повеќе сочувство кон руските царски и советски власти отколку оние кои ги гледаат како трагедија“, вели Адријан Каратницкиј, експерт за Украина и поранешен соработник во Атлантскиот совет на Соединетите Држави. Овие пукнатини беа откриени за време на Портокаловата револуција во 2004 година, во која илјадници Украинци маршираа за да поддржат поголема интеграција со Европа.

На еколошките карти можете дури и да ја видите поделбата помеѓу јужните и источните делови на Украина - познати како степи - со нивната плодна земја; и северните и западните региони, кои се повеќе пошумени, вели Серхиј Плоки, професор по историја на Харвард и директор на Украинскиот истражувачки институт. Тој вели дека мапата што го покажува разграничувањето помеѓу степата и шумата, дијагонална линија меѓу истокот и западот, „неверојатно изгледа“ како политичките карти на претседателските избори во Украина во 2004 и 2010 година.

Во 2014 година граѓаните на Крим на референдум се одлучија за излегување од Украина и припојување кон Русија, што набрзо беше проследено со сепаратистичко востание во источниот украински регион Донбас, што резултираше со прогласување на Народните Републики Луганск и Доњецк, поддржани од Русија. Денес, руските војници повторно се натрупани на границите на Украина, раседни линии кои ја отсликуваат турбулентната историја на регионот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе