Русија не може да го плати надворешниот долг за првпат по Октомвриската револуција од 1917 година

Според последните извештаи, Русија не успева да го плати својот надворешен долг за првпат по Октомвриската револуција во 1917 година, што дополнително ја изолира од глобалниот финансиски систем по санкциите воведени поради инвазијата на Украина.

Земјата го пропушти рокот во неделата навечер да го исполни 30-дневниот грејс-период за отплата на 100 милиони долари камата што првично доспеаја на 27 мај, објави Bloomberg рано утрово.

Русија секое неплаќање го нарекува вештачко бидејќи има пари да ги плати долговите, но вели дека санкциите ги замрзнале нејзините девизни резерви во странство.

„Тоа е многу, многу ретка работа, кога влада која инаку има средства е принудена на банкрот од странска влада“, изјави за Bloomberg Хасан Малик, висок аналитичар во Loomis Sayles.

„Тоа ќе биде една од најголемите пресвртници во историјата“, додаде тој.

Минатиот месец, американското Министерство за финансии ја спречи Русија да ги отплати своите милијарди долгови кон меѓународните инвеститори преку американските банки. Како одговор, руското Министерство за финансии соопшти дека ќе ги плати долговите деноминирани во долари во рубли и ќе понуди „можност за последователна конверзија во оригиналната валута“.

„Има пари, има и подготвеност да се плати“, рече рускиот министер за финансии Антон Силуанов минатиот месец.

„Оваа ситуација, вештачки создадена од непријателската земја, нема да влијае на квалитетот на животот на Русите“, додаде тој.

Русија должи околу 40 милијарди долари во странски обврзници. Пред почетокот на војната, Русија имаше околу 640 милијарди долари девизни и златни резерви, од кои голем дел се чуваа во странство и сега се замрзнати.

На Русија ѝ се нема случено да не го плати надворешниот долг повеќе од еден век, кога се распадна Руската империја и беше создаден Советскиот Сојуз.

Штом земјата нема да ги исполни обврските, таа може да биде отсечена од задолжувањето на пазарот на обврзници додека не се решат неисполнувањата на обврските и инвеститорите не стекнат доверба во способноста и подготвеноста на владата да плати. Сепак, Русија е веќе отсечена од западните пазари на капитал, па како и да е секој поврат на задолжувањето е далеку.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more
 

Вести

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе