Русија официјално ги прогласи САД и Чешка за непријателски држави

Руската влада вчера соопшти дека официјално ги прогласила Соединетите Американски Држави и Чешка за непријателски држави и дека американските дипломатски мисии веќе не можат да вработуваат локален персонал, додека чешките мисии можат да вработат најмногу 19 лица.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се ограничува бројот на локални вработени кои работат во странски дипломатски мисии и други агенции и и нареди на владата да состави список на „непријателски“ држави во кои ќе се применуваат ограничувања, пренесува Ројтерс.

Американско-руските односи веќе подолго време се во постојан пад поради обвинувањата на Вашингтон за руско мешање во претседателските избори, шпионажа и сајбер напади. Американската администрација воведе нови санкции во април.

Руската одлука е донесена само неколку дена пред најавената прва средба меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руско-чешките односи беа сериозно погодени минатиот месец кога Чесите го обвинија руското воено разузнавање дека стои зад експлозијата во складиштето за муниција во 2014 година и протераа десетици руски дипломати.

Русија ги негираше обвинувањата и возврати со протерување на чешки дипломати, а исто така им нареди на Чесите да отпуштаат поголем дел од своите локални вработени во Москва, од кои многумина беа вработени во чешки угостителски и деловни центри во градот.

Чешкото Министерство за надворешни работи во петокот рече дека одлуката на Русија е спротивна на меѓународниот договор со кој земјите се обврзуваат да дозволат правилно функционирање на дипломатските мисии.

Чесите сметаат дека акцијата на Руската Федерација е дополнителна ескалација на спорот меѓу двете земји, се вели во соопштението на Министерството.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе