Русија откри како ќе изгледа новата вселенска станица

Претходно Русија најави дека ја напушта Меѓународната вселенска станица, а сега Роскосмос претстави модел од изгледот на новата вселенска станица.

Станува збор за руската вселенска станица наречена РОСС, која ќе биде лансирана во две етапи – за почеток со четири модули. Станицата потоа ќе биде проширена на вкупно шест модули со сервисна платформа. Дизајнот овозможува сместување на четири лица, а станицата ќе нуди и подобри способности за следење на Земјата во споредба со условите што Русија ги има на Меѓународната вселенска станица.

Сѐ уште нема многу информации за овој проект, но според руските медиуми, првото лансирање ќе се случи меѓу 2025 и 2030 година, а второто – меѓу 2030 и 2035 година. Тоа значи дека би можело да мине долго време откога Русија ќе ја напушти Станицата во 2024 година до можноста за користење на функционална замена.

Роскосмос во јули објави дека ја напушта Станицата како одговор на западните санкции и другите мерки наметнати поради нападот врз Украина во февруари. Така, 2024 година ќе го означи крајот на оваа 20-годишна американско-руско соработка во вселената.

Русија сепак ќе ги исполни своите обврски до 2024 година, а има и нов договор за размена на места на заедничките летови со САД.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе