Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на окупираните територии во Украина

МАКФАКС
/ 31.05.2023 / 08:38

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на регионите во Украина, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.

Ваквата одлука е начин Москва да ја зајакне својата контрола врз оние области што се под руска окупација. Некои од жителите на тие региони изјавија за AFP дека врз нив биле вршени притисoци да земат руски пасош бидејќи тоа станало неопходно за низа административни процедури.

„Од октомври минатата година речиси 1,5 милиони луѓе од новите региони добија руски пасоши“, рече Мишустин на состанокот на Владата на Русија. Тој ги повика тие луѓе „да почувствуваат вистински промени во градовите и селата“, особено во однос на реконструкцијата, „образовните можности“ и работата.

Во септември 2022 година, Русија објави дека анектирала четири региони на Украина, кои делумно ги окупирала по примерот на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Со години Русија им дели пасоши на жителите на областите на Украина контролирани од проруските сепаратисти на исток, како и на Крим. Истото беше и на териториите под контрола на проруските сепаратисти во Грузија и Молдавија.

Украинските власти ја обвинуваат Москва дека ја користи распределбата на пасошите за да ја оправда својата самопрогласена мисија да ги заштити жителите на Украина кои зборуваат руски. Европската Унија објави дека нема да ги признае руските пасоши издадени на окупираните територии на Украина.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе