Русија протера македонски дипломат од амбасадата во Москва

Русија протера вработен во амбасадата на Република Северна Македонија во Москва како одговор за протерувањето на руски дипломат од Скопје, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Министерството за надворешни работи го повика в.д. амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Оливера Чаушевска-Димовска, беше поканета во МНР на Руската Федерација, каде што ѝ беше врачена нота од Министерството за прогласување на вработен во Амбасадата во Москва персона нон грата. Оваа мерка е одговор на северномакедонската страна донесена во мај со која без причина донесе одлука за прогласување на персона нон грата за дипломат на руската амбасада во Скопје, се вели во соопштението од руското МНР.

Протерувањето го потврди и нашето Министерство за надворешни работи, информирајќи дека вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска денеска е повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување „нон грата“ на наш дипломат – аташе од Амбасада на Република Северна Македонија во Москва.

– Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе