Направен по изгледот на просечна Русинка, во јавната служба во Сибир, Русија е вработен робот поради епидемијата со коронавирусот.
Овој робот е дизајниран да има бирократски мозок, а изгледа како обичен службеник во банка. Има пристап до неколку бази на податоци и операции кои ги извршува и е замена за еден вработен во установата.
Роботот е со долга, светла коса и кафени очи, може да искаже повеќе од 600 различни изрази на лицето, пишува Russia Today.
Од руската компанија Promobot велат дека роботот ја претставува просечната руска жена и дека за неговото создавање биле анализирани илјадници генерации жени.
Првиот робот во владината канцеларија е резултат на пандемијата со SARS-CoV-2.