ФИБА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022

Русија со пораз ги оддалечи македонските кошаркари од Европското првенство

Перм, 19 февруари 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација ги сведе на теорија шансите за пласман на Европското првенство, откако попладнево во Перм претрпе убедлив пораз од домаќинот Русија со 94:77 (51:33), а претходно денеска Естонија ја изненади Италија.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров не беа на нивото од вчерашното издание во воведните три четвртини против Италија и по почетното водство од 9:5 целосно ја препуштија играта во рацете на Русите.

Без Дамјан Стојановски, кој поради повреда го напушти теренот на средина од првата четвртина, и со инфериорна скок игра, македонските кошаркари заслужено го доживеаја вториот пораз во два дена на завршните евроквалификации во Перм.

Русите целосно доминираа во играта под кошевите, завршувајќи го мечот со дури 44 скокови, 24 повеќе од македонскиот тим, вклучувајќи 18 офанзивни, што на крајот се покажа клучно за убедлив пораз на „црвено – жолтите“.

Најефикасен во македонските редови беше Војдан Стојановски со 18 поени, два помалку постигна Џејкоб Вајли.

Претходно денеска во групата Б, Естонија направи изненадување, нанесувајќи и го првиот пораз на Италија со 105:101 по продолжение, и дополнително го отежна патот на македонската репрезентација на завршницата.

За евентуален пласман на Евробаскетот во 2022 година, македонската репрезентација треба да победи на последните два натпревари, вклучувајќи и двоцифрен триумф над Естонија, која, притоа, претходно треба да загуби од Русија.

Македонските кошаркари в недела го играат вториот натпревар против Италија, а квалификацискиот турнир во Перм ќе го завршат следниот ден против Естонија.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Кошарка

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Read more

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Read more

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Read more

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе