
Руската бодибилдерка Наталија Кузнецова, позната и како Наталија Амазонка, важи за најсилната жена во светот и моментално живее во Црна Гора.
Има 31 година и е светска шампионка во бодибилдинг, со неколку рекорди зад себе. Во последните неколку месеци Наталија патува низ Црна Гора и Босна и Херцеговина, а особено привлечен за неа е Херцег Нови, каде купи куќа.
Наталија почнала да тренира уште како тинејџерка, кога имала 40 килограми. Нејзината сегашна тежина е 90 килограми. Пред многу години, нејзиниот татко ја поддржувал да вежба со цел подобрување на нејзината самодоверба со оглед на тоа што како дете била многу повлечена.
Вели дека никогаш не ни сонувала за спортска кариера, но веќе на 15 години станала шампионка. Денес е славна и вели дека е навикната луѓето да ја препознаваат на улица.