Руските војници го уапсија директорот на украинската нуклеарна централа во Запорожје, Ихор Мурашов, соопшти украинскиот државен регулатор за нуклеарна енергија.

Тој бил уапсен во петокот околу 16 часот додека со автомобил одел од електраната кон блискиот град Енерходар. Се претпоставува дека Русите го сретнале на пат, му ги врзале очите и го однеле во затворот во Енерходар.
Русија не го коментираше апсењето, а претседателот на украинскиот државен нуклеарен регулатор, Петро Котин, верува дека Русите го киднапирале за да се обидат да го принудат да го прифати трансферот на управувањето со централата од Украина во Русија.
Инаку, претставниците на руската државна нуклеарна компанија „Росатом“ ја посетија електраната во Запорожје, откако референдумот ја анектира оваа област, а потоа најавија дека електраната ќе биде префрлена од украинска контрола во контрола на Росатом.
Во март, Москва ја зазеде оваа најголема нуклеарна централа во Европа и го приведе украинскиот персонал. И Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за постојано гранатирање на централата, поради глобалната загриженост дека тоа може да доведе до голем инцидент со радијација во Европа.