Руски авион Су-34 се урна среде град кај Азовскиот Залив

Голем пожар избувна во рускиот град Јејск откако воен повеќенаменски борбен авион Сухой Су-34 се урна пред станбена зграда.

Станбена зграда во рускиот град Јејск се запали откако во близина вечерва се урна воен авион. Руското Министерство за одбрана потврди дека авионот бил воен повеќенаменски борбен авион Су-34, додавајќи дека авионот се урнал веднаш по полетувањето од локалниот аеродром за обука.

„Според извештајот од катапултираните пилоти, несреќата била предизвикана од согорување на еден од моторите при полетувањето“, соопшти Министерството.

На видеото од местото на настанот објавено од медиумот Mash се гледа повеќекатната станбена зграда зафатена во пламен со облаци од густ црн чад што се издигаат кон небото.

Бројот на жртвите од инцидентот останува непознат. Гувернерот на Краснодарскиот крај, каде што се наоѓа Јејск, рече дека на местото на настанот се распоредени локални и регионални служби за итни случаи. ТАСС јави дека, според официјални лица, најмалку 15 станови биле оштетени.

Градот Јејск е пристаништен грда на Азовското Море и на северозапад гледа кон Мариопол, градот кој Русија неодамна го анектираше во рамките на Донецк.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе