Рускиот претседател слета во Северна Кореја: Ким и Владимир заедно против Западот

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги подобри трговските и безбедносните врски со земјата и ќе ја поддржи во односите со САД.

Руските државни медиуми објавија дека авионот со рускиот претседател слетал во Пјонгјанг околу 2 часот и 45 минути по локално време по кратко застанување на рускиот Далечен Исток.

Рано утрово, по наше време, Путин и Ким Џонг Ун започнаа разговори, пренесува Интерфакс.

Рускиот претседател го нападна Западот

Путин му рекол на Ким „дека се надева оти нивната следна средба ќе се одржи во Русија, во Москва“, пренесуваат руските медиуми.

Рускиот претседател рече и дека „се восхитува на трансформацијата на Пјонгјанг во изминатите 24 години“ и дека е убеден дека денешните преговори ќе бидат продуктивни, пренесе агенцијата ТАСС.

Тој рече и дека е подготвен нов документ кој „ќе биде основа на односите меѓу двете земји уште многу години“.

Путин изјави и дека „Русија се бори против децениската империјалистичка политика на САД“.

„Мислам на нашата борба против хегемонистичката политика наметната со децении, империјалистичката политика на САД и нивните сателити кон Руската Федерација“, рече Путин.

Ким Џонг Ун: Ова е историски момент

Односите меѓу Руската Федерација и Демократска Народна Република Кореја влегуваат во период на нов просперитет, изјави Ким по првиот дел од разговорот со Путин, пренесува руски ТАСС.

„Односите меѓу нашите земји влегуваат во период на нов висок просперитет, кој не може ниту да се спореди со периодот на корејско-советските односи во минатиот век“, рече Ким Џонг Ун. Тој изрази уверување дека за време на посетата на Путин „огненото пријателство на двете земји монолитно ќе зајакне“.

Лидерот на Северна Кореја срдечно го поздрави својот гостин на почетокот на преговорите. Тој истакна дека оваа посета го потврдува квалитетот на руско-корејските односи, кои влегоа во период на најголем развој. Според Ким Џонг Ун, оваа посета е историски момент и има најважно стратешко значење во историјата на руско-корејските односи.

Ким Џонг Ун привлече внимание на тоа како шефот на руската држава беше пречекан од обичните жители на Пјонгјанг. „Мислам дека ентузијазмот што ви го покажаа нашите жители уште еднаш го потврдува вистинското ниво на нашите односи“, рече тој.

Тој изјави и дека Русија „ја одржува стратешката рамнотежа во светот“.

„Владата на Демократска Народна Република Кореја ја цени важната мисија и улогата на силната Руска Федерација во одржувањето на стратешката стабилност и рамнотежа во светот, а исто така изразува целосна поддршка и солидарност на руската влада, армија и народ во спроведувањето специјалната воена операција во Украина за заштита на суверенитетот, безбедносните интереси, како и територијалниот интегритет“, нагласи Ким Џонг Ун.

Фотографиите на руските медиуми покажаа војници и голема толпа цивили собрани на плоштадот покрај реката Таедонг што минува низ главниот град, вклучително и деца кои држат балони и џиновски портрети на двајцата лидери, со национални знамиња кои ја красат Големата народна сала.

Денешната агенда вклучува разговори еден на еден меѓу двајцата лидери, како и гала концерт, државен прием, почесна гарда, потпишување документи и изјави за печатот, го цитираше руската новинска агенција Интерфакс, советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

реклама

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Свет

Кина ќе развива нуклеарен тенк од 60 тони

Read more

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Read more

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Read more

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Read more

Вести

Кина ќе развива нуклеарен тенк од 60 тони

Читај повеќе

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Читај повеќе

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Читај повеќе

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Читај повеќе
  • filter

Како Хашим Тачи од миленик на Западот и Косовскиот Вашингтон стана осуден воен злосторник?

Читај повеќе

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Читај повеќе

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Читај повеќе

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Читај повеќе